За нас
Со поедноставеноста во вашето работење избегнете го непотребното губење време и дополнителни ресурси.
Ние сме вашиот бизнис сервис.
Бивест е лиценцирано трговско друштво за вршење на сметководствени работи кое е евидентирано во Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. Основано е 1991 година во приватна сопственост. Располага со давање на квалитетна услуга во областа на финансиското и царинското работење и посредување. Податоците кои ни ги пласирате се строго доверливи и ги чуваме како деловна тајна.
Потребата од надворешни консултанти кои се специјализирани во својата област е од големо значење за планирање и спроведување на договорите што секоја компанија треба да ги има кога гради соработка со компании на домашниот и странскиот пазар.
Од правилната и навремена информација зависи понатамошниот резултат за секој склучен договор со странски и домашен партнер. Професионален однос и долгогодишно искуство во делот на македонското и европското законодавство е она што го нудиме.
Помош и соработка со институциите во секторот на трговски друштва, невладини организации, комори, здруженија, здравствени и други установи: Управа за јавни приходи, Министерство за финансии, Министерство за економија, Централен регистар на РМ, Фонд за пиом, Службен весник на РМ, Народна банка на РМ, Царинска управа.
Ајде да се претставиме!
Како членови на тимот во Бивест се следните лица:
Биљана Михајлова Василева
Управител на компанијата - Лиценциран овластен сметководител.
biljana@bivest.mk
+389 70 340 521
Кристијан Василев
Сметководител
kristijan@bivest.mk
+389 72 213 953
Стојче Василев
Лиценциран консултант за царинското застапување
stojce@bivest.mk
+389 70 349 921
Принципи
Сите видови услуги кои ви ги нудиме се регулирани со договор во кој се утврдени меѓусебните права и обврски, како и принциите на меѓусебна соработка.
Утврдени рокови за достава на документи од страна на нашите клиенти;
Почитување на рокови за обработка и достава на пресметки и извештаи;
Утврдени термини за директна комуникација со клиентите;
Почитување на основните сметководствени принципи;
Професионална етика;
Деловност и строга доверливост.