Bell Logo

ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ВАШИОТ БИЗНИС И ОСТВАРУВАЊЕ ПРОФИТ

СОРАБОТКАТА СО НАС ВИ НУДИ СИГУРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Со поедноставеноста во вашето работење
избегнете го непотребното губење време и дополнителни ресурси.
Ние сме вашиот бизнис сервис.

Консултација

За нас

Бивест е лиценцирано трговско друштво за вршење на сметководствени работи кое е евидентирано во Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. Основано е 1991 година во приватна сопственост. Располага со давање на квалитетна услуга во областа на финансиското и царинското работење и посредување. Податоците кои ни ги пласирате се строго доверливи и ги чуваме како деловна тајна.

Потребата од надворешни консултанти кои се специјализирани во својата област е од големо значење за планирање и спроведување на договорите што секоја компанија треба да ги има кога гради соработка со компании на домашниот и странскиот пазар.

Од правилната и навремена информација зависи понатамошниот резултат за секој склучен договор со странски и домашен партнер. Професионален однос и долгогодишно искуство во делот на македонското и европското законодавство е она што го нудиме.

Помош и соработка со институциите во секторот на трговски друштва, невладини организации, комори, здруженија, здравствени и други установи: Управа за јавни приходи, Министерство за финансии, Министерство за економија, Централен регистар на РМ, Фонд за пиом, Службен весник на РМ, Народна банка на РМ, Царинска управа.

Финансиско сметководствени услуги

Стручно, законито, ажурно и уредно водење на сметководствени евиденции.

Професионално, ефикасно и ажурно:

• Финансиско сметководство
• Пресметка на плати
• Пресметка на сите видови даноци
• Персонална евиденција
• Пријава и одјава на вработени
• Економско правни совети
• Даночен консалтинг
• Изработка на бизнис план
• Регистрација на фирми
• Пријава-одјава на даночен обврзник
• Изработка на годишни даночни пријави
• Изготвување на финансиски извештаи за интерни и екстерни корисници
• Финансиски анализи според меѓународни сметководствени стандарди

Консултантски услуги во царинското работење

Области од царинската легислатива:

• Царински постапки
• Царинска тарифа
• Потекло на стоките
• Царинска вредност
• Постапки со економски ефект: царинско складирање, облагородување, привремен увоз
• Поедноставени постапки>

Услугите кои може да ги добиете се:

• едукација преку курсеви за сите вработени во компании кои се бават со увозни/извозни постапки;
• креирање декларации со програмите кои се присутни во македонската деловна заедница;
• внес на податоци и ракување со програмите за царинско складирање, облагородување (Лон систем);
• креирање декларации во царинскиот програм СОЦДАД, НКТС;
• поднесување барања во EXIM апликацијата;
• одобренија за царинско застапување, за oвластен економски оператор, царинско складирање, облагородување и др..
• писмена информација за секое поставено прашање до нашиот тим.

Трговски партнер на Cashback world заедницата

Линк: https://cbw.to/nr51h6

Принципи

Сите видови услуги кои ви ги нудиме се регулирани со договор во кој се утврдени меѓусебните права и обврски, како и принциите на меѓусебна соработка

Утврдени рокови за достава на документи од страна на нашите клиенти;
Почитување на рокови за обработка и достава на пресметки и извештаи;
Утврдени термини за директна комуникација со клиентите;
Почитување на основните сметководствени принципи;
Професионална етика;
Деловност и строга доверливост.

Нашиот тим

Нашиот тим е составен од овластени лица со долгогодишно искуство кој е препознатлив по посветеноста и професионалниот пристап кон работата. Професионалноста се надополнува со секојдневно пратење на законски прописи и нивна соодветна примена во делот на работата. Континуираното професионално учење се одвива со посетувањето на стручни семинари кои ги даваат вистинските насоки за правилно носење на одлуки и решенија.
Како членови на тимот во Бивест се следните лица:

Биљана Михајлова Василева

Управител на компанијата - Лиценциран овластен сметководител

biljana@bivest.mk

+389 70 340 521

Кристијан Василев

Сметководител

kristijan@bivest.mk

+389 72 213 953

Стојче Василев

Лиценциран консултант за царинското застапување

stojce@bivest.mk

+389 70 349 921

Клиенти - Партнери

Довербата и подршката која ни ја даваат корисниците на нашите услуги е пресуден фактор за нашиот постојан прогрес

Наши клиенти:

Трговски компании
Производствени компании со разни производни процеси
Градежни компании
Транспортни компании
Шпедитерски компании
Здравствени организации
Приватни здравствени установи и поликлиники
Финансиски менаџмент и сметководство на проекти финансирани од ЕУ, IPA проекти
Маркетинг Агенции, Продуцентски и издавачки куќи
Трговци поединци-сервисери, занаетчии, уметници и сл.
Трговци поединци интелектуалци-адвокати, нотари, научници и сл.
Невладини организации и здруженија
Физички лица кои доставуваат пријави за остварени приходи од закупнини, девиденди и други лични примања
Физички лица кои доставуваат пријави за ДДВ
Куќни совети
Сервисни и останати дејности

Закажи консултација

ул. Тајмишка 13б 1000
населба Железара, Скопје
Република Македонија

Име и презиме
Контакт телефон
Е-маил
Изберете услуга
Порака / коментар
Loading
Your message has been sent. Thank you!